Кожув на „колена“ пред Еуро Никел

147

Еуро Никел ја запиша и втората победа во новата сезона во Првата лига, откако го доби дербито со Кожув. Кавадарчани пред своите навивачи славеа со 80-73 во дербито на колото.

Кошаркарите на Еуро Никел добро влегоа во мечот, првата четвртина ја добија со 26-17, но на другата страна следеше соодветен одговор од гостите. На одморот резултатот беше 38-37, најава за неизвесна завршница.

Кавадарчани се издигнаа во третиот период го добија со девет коша разлика, па веќе во последните десет минути влегоа со значајна предност од 66-56. Македонскиот селектор, Александар Јончевски се обидуваше да го најде патот до пресврт, но тешко одеше, на крајот тој и неговиот тим мораа да се помират со поразот број два сезонава.

Мекквин со 19 поени беше прв стрелец, зад него со дабл-дабл беше Вранеш со 18 поени и 13 скок. Кај гостинскиот состав, Слатер имаше 24 поени, недоволни за победа.

ПретходноАрсенал во 87. минута ја урна машинеријата на Гвардиола
СледноМу се заканија со отказ, па Мурињо го прегази Каљари на гости (ВИДЕО)