Мечот во Монпеље не се доигра – Голманот на Клермон во болница откако беше повреден од петарда

193

Мечот меѓу Монпеље и Клермон во француската Лига 1 беше е прекинат поради повреда на голманот на гостинската екипа Мори Диав. Поранешниот голман на младинскиот тим на ПСЖ се местеше да изведе слободен удар кога од трибините полета петарда и пукна во близина на неговата нога и го повреди.
По укажана лекарска помош на теренот, Диав со носилки беше изнесен надвор и потоа однесен во болница. Во меѓувреме неговиот соиграч Нето Боргес покажа среден прст кон делот од каде што полета петардата и си доби црвен картон.
Играчите на Клермон го напуштија теренот, а по неколку минути тоа го сторија и домашните играчи. Судијата Флоран Бата го прекина мечот и истиот не продолжи. Делегатот излезе на теренот и соопшти дека натпреварот нема да се доигра.
Во тие моменти Монпеље водеше со 4:2.

ПретходноБаер Леверкузен и на 10-тиот меч е непоразен – најдобра серија уште од 1995 година
СледноВецлар го зеде скалпот на екс-тимот на Кузмановски