Милан Ристовски со прв сезонски гол за победа на Спартак Трнава

134

Нашиот репрезентативен напаѓач Милан Ристовски на најдобар начин го најави доаѓањето на новиот собир на нашата репрезентација пред октомврискиот квалификациски прозорец за ЕП 2024. Денеска во меч од 10. коло на словачкиот шампионат, нашиот репрезентативец погоди за победа на Спартак Трнава на гостувањето кај Бањска Бистрица (1:2).

Ристовски го постигна вториот гол за Спартак Трнава на овој меч, а за него тоа беше прв сезонски гол во словачкиот шампионат и најава дека полека се враќа во голгетерска форма. За Спартак ова беше петта сезонска победа со која дојде до петтата позиција на табелата.

ПретходноМу се заканија со отказ, па Мурињо го прегази Каљари на гости (ВИДЕО)
СледноВерстапен со нова победа во Катар ја потврди титулата во Ф1