Наполи губи, Гарсија и натаму го чува Елмас на клупа (ВИДЕО)

285

Фудбалерите на Фиорентина го победија Наполи со 3:1 на гостински терен во осмото коло од Серија А и ја продлабочија кризата во редовите на шампионот и покрај нивните две последни победи. Наполи очигледно не се опорави по поразот од Реал Мадрид, а Руди Гарсија и натаму не му верува а нашиот Елиф Елмас кој и оваа средба ја проследи од клупата за резерви.

Јосип Брекало успеада и донесе водство на Фиорентина во 7 минута, по што следуваше поништен гол за домашните поради офсајд. Сепак до крајот на полувремето Наполи доби пенал, а Осимен го претвори во израмнување за 1:1.

Во вториот дел во 63. минута, овојпат, Бонавентура успеа да погоди за „виолетовите“ за 2:1 и нов шок на стадионот „Марадона“. Во обидот на Наполи да израмни, гостите во третата минута од судиското продолжение со голот на Гонзалес ја потврдија победата.

ПретходноОва на Пеп досега не му се случило: „Граѓаните“ само 4 пати шутнаа на голот на Арсенал!?
СледноБарселона не успеа да ја победи Гранада (ВИДЕО)