Ова на Пеп досега не му се случило: „Граѓаните“ само 4 пати шутнаа на голот на Арсенал!?

431

Факт е дека англискиот е европски шампион Манчестер Сити на дербито во Лондон против Арсенал беше далеку од оној убиствен тим на „граѓаните“ под водство на Пеп Гвардиола. Поразот, сам по себе и не е трагедија, но навивачите на клубот и аналитичарите ги плаши еден друг статистички податок од денешниот меч на „Емирати“.

Избраниците на Пеп Гвардиола загубија од „топчиите„ со минимални 1:0, но разочарувачки е што за 90 минути игра шампионот упати само 4 удари кон домашниот гол.

Иако во финишот се бореа за реми, момците на Гвардиола не успеаја да упатат ниту еден шут кон голот на Арсенал од 58. минута, кога последен пат се заканија кон домашниот гол. Во англиското првенство под водство на шпанскиот стратег, вакво нешто се нема случено откако тој седна на клупата на Манчестер Сити, значи од 2016 година.

ПретходноРадески: Среќен сум за двата гола, тоа е моја работа
СледноНаполи губи, Гарсија и натаму го чува Елмас на клупа (ВИДЕО)