ПМФЛ: Максимов со голчиште, Шкендија го “расплака“ добриот Вардар, Радески сам го победи Силекс!

1525

 

Попладнево се одиграа двата последни меча од 10.коло во ПМФЛ. Во супер – дербито на Маџари, каде се сретнаа лутите ривали Вардар и Шкендија. Победија гостите со 0:2 и тоа со пекрасниот гол на Методи Максимов со фантастичен удар од далечина во таа 65.минута, а потоа Аганспахиќ во судиското продолжение стави точка на ова дерби.

Сепак еден од виновниците за ваквиот резултат е голманот на Шкендија, Давор Талески кој правеше чуда на својот гол. Вардар одигра добро, квалитетно, имаше најмалку 3-4 големи шанси, но сепак за жал на неговите фанови, неговите играчи не успеја барем еднаш да го совлдаат голманот Талески.

Интересно дерби, голема борба, добра игра на Вардар, а Шкендија си ги искористи своите индивидуални квалитети и дојде до победата и трите бода со што сега уште повеќе се зацврсти на лидерската позиција на табелата.

Во Струга, шампионот со 2:0 успеа да го победи Силекс и со тоа да ја прекине мини – серијата од два порази по ред.Марјан Радески е херојот на Струга ТЛ и тоа откако беше стрелец на двата гола за својот тим и тоа во 18. И 69.минута, Струга Тл одигра добро и без орвиот стрелец Бесарт Ибраими, но затоа тука беше Радески кој покажа дека е во голема форма.

ПретходноНеверојатно:Иранците го казнија Роналдо со 99 удари со камшик! (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Лидерот убедлив, голем кикс на Пелистер, Тетекс само до бод со Караорман, Николоски со Победа го урна Детонит!