Полувреме: Борбено, но без голови на Маџари! Дали Вардар беше оштетен за пенал? Радески носи водство на Струга ТЛ! (ВИДЕО)

500

 

Завршија првите полувремиња на двете последни средби од 10.коло во ПМФЛ. Во Маџари, во супер-дербито, Вардар и Шкендија играат борбено, со нагласена желба за победа,но нема голови. Треба веднаш да кажеме дека Лемос во 19.минута имаше контакт сo Адили во казнетиот простор на Шкендија,но судијата Трпчевски не покажа на белата точка.

Вардар во 4.минута имаше одлична шанса за гол, но Цветков не го погоди празниот гол на тетовци. Во следната минута, Аганспахиќ во слична ситуација, но и тој не погоди.

Во 45+2.минута Тотре имаше зицер,но Гачевски брани.

May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text

Во Струга, со голот на Марјан Радески во 18.инута, шампионот има водство од 1:0 против Силекс.

ПретходноСупер гест на Партизан: Макаби може да игра во Белград!
СледноМилевски со повик и до Ердон Даци за мечевите со Украина и Ерменија!