По пауза од 2,5 години Вардар и Шкендија повторно на мегдан, некогаш нивните дуели ја “тресеа“ фудбалска Македонија!

286

 

Денеска на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 14 часот во рамките на 10.коло се среќаваат Вардар и Шкендија. Ова е нивни прв дуел по речиси 2,5 години.Така е зошто Вардар во изминатите две сезони играше во ВМФЛ.

Последен пат овие две екипи одиграле во ПМФЛ на 20.03.2021 кога беше Вардар –Шкендија 1:6.

Вардар иако е во ситуација во која не може да каже дека ќе оди на победа, зошто е последен а Шкендија е прва на табелата, замислете чека триумф над тетовските “црвено – црни“ дури шест години.Последен пат Вардар ја победил Шкендија на 14.10.2017 годинаи тоасо 4:2. И од тогаш наваму само порази и по некое реми.

Кога сме веќа кај традицијата, досега овиедве екипи одиграле 63 официјални средби, Вардар има 23 победи а Шкендија 25, додека 15 меча завршиле без победник.

Инаку кога играле Вардар и Шкендија, пред неколку години,нивните меѓусебни мечеви просто ја “тресеа“ фудбалска Македонија. Имаше од се по малку, тоа беа битки до истребување, но сега веќе не е така. И тоа само поради Вардар.

Тим кој денеска како домаќин со помош на своите фанови ќе се обиде да дојде до позитивен резултат. Тоа вчера го кажа и тренерот Александар Васоски.

Нема слика

Додека од таборот на Шкендија, дефанзивецит Мевљан Адили изјавува:

“Овие мечеви не се играат, тие само се добиваат зошто овие натпревари се за навивачите.Овој натпревар го дочекуваме како лидери, знаеме што носи, знаеме против кого играме. Секако дека посакувам победа“ рече покрај другото Адили.

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ЗА 10.КОЛО

НЕДЕЛА, 14 Ч

Скопје: Вардар – Шкендија

Струга: Струга ТЛ – Силекс

ВЧЕРА:

Брера – Гостивар 0:1

Брегалница – Работнички 2:1

Воска – Македонија ЃП 2:1

Тиквеш – Шкупи 1:1

ТАБЕЛА

Шкендија (-1) 20, Шкупи 19, Силекс (-1) 16, Струга ТЛ (-2) 15, Брера 14, Тиквеш 14, Работнички 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 11, Воска 10, Гостивар 10, Вардар (-2) 5 бодови

ПретходноТелохранителот на Меси собори дете на среде терен, Аргентинецот му приреди вечер за паметење (ВИДЕО)
СледноРуни неуспешно ја заврши втората тренерска кариера!