Радески: Среќен сум за двата гола, тоа е моја работа

225

Марјан Радески и денеска беше човекот на одлука за шампионот Струга ТЛ. На мечот со Силекс, тој постигна два гола и успеа да донесе нова победа за стружани.

„Одигравме одличен натпревар, иако знаевме дека ќе биде многу тежок натпревар за нас. Сепак, нашата посветеност на теренот, борбата која не красеше во текот на целата година, се потврди и денеска и на крајот заслужено стигнавме до победата. Што се однесува до моите голови, нормално дека сум среќен за двата постигнати гола. Давањето голови е наша работа, напаѓачите секогаш треба да го бараат голот. Но, ова не е само моја заслуга, заслугата е на целиот тим и техничкиот штаб“, изјави по мечот голгетерот.

ПретходноРуни го напушти Ди Си Јунајтед откако не успеа да го внесе во плеј-офот
СледноОва на Пеп досега не му се случило: „Граѓаните“ само 4 пати шутнаа на голот на Арсенал!?