„Ролеркостер“ во Рим – Лацио ја победи Аталанта во меч со пет гола

79

Интересен меч се одигра во Рим каде што домашниот Лацио се соочи со Аталанта во 8.коло на Серија А. Римскиот тим водеше со 2:0, гостите изедначија, па домашните во финишот ја обезбедија победата.
По 11 минути Лацио имаше 2:0, со автогол на Де Кетеларе и деби голот на Кастељанос. Во 33 минута намали Едерсон, а во 63 минута изедначи Колашинац.
Во 83 минута Матијас Весино ја обезбеди победата на Лацио, трета сезонава. Аталанта го впиша третиот пораз.
Фросиноне славеше над Верона со 2:1, а Монца со 3:0 ја победи Салернитана. На овој меч стрелаше Самуел Вињато кој со 19 години 226 денови е најмладиот стрелец на Монца во Серија А.
Од 18 часот играат Каљари – Рома, а од 20:45 ќе се сретнат Наполи и Фиорентина.

ПретходноСалах двоен стрелец, но Ливерпул не го победи Брајтон, „страчките“ испуштија победа во 89.минута! (ВИДЕО)
СледноЦСКА и Рајковиќ славеа во дербито во Санкт Петербург