Руни неуспешно ја заврши втората тренерска кариера!

226

ДС Јунјатед на својата официјална страница објави дека поранешниот англиски репрезентативец, Вејн Руни повеќе нема да биде тренер на тимот, откако не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот во МЛС-лигата. Во моментов клубот предводен од Руни се наоѓа на деветото место во Истокот, но веќе ги одигра сите своите натпревари, додека конкутентите зад него се уште имаат за играње.

„Сега е вистинско време. Направив се што е во моја моќ да го доведам тимот во плеј-офот“, е изјавата на Руни.

Руни ми се приклучи на ДС Јунајтед во јуни 2018, четири години подоцна стана главен тренер. Претходно од 2020 до 2022 година беше тренер на Дерби Каунти.

ПретходноПо пауза од 2,5 години Вардар и Шкендија повторно на мегдан, некогаш нивните дуели ја “тресеа“ фудбалска Македонија!
СледноВМФЛ: Пелистер против Скопје, Беса го дочекува Вардар (Н), Тетекс пред лесни три со Караорман