Тен Хаг: Во игра се појави играч, кој кратко време беше на теренот, но го промени духот на тимот

803

Вчера тимот на Манчестер Јунајтед на неверојатен наччин дојде до инаку во други прилики рутинска победа. Сепак, на Олд Трафорд работите не се како што треба, па триумфот од 2:1 над Брендфорд е прославен како е да е победен Реал Мадрид во ЛШ.

Уште пак ако се додаде дека истиот е плод на резервистот Скот Мектоминеј кој влезе во игра и погоди два пати во судиското продолжение за ерупција на легендарниот стадион, тогаш ситуацијата станува јасна и за оној кој што не го гледаше овој меч.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг е под голем притисок перидов. Се бараат резултати, истите ги нема, а на оваа победа веројатно ќе се гледа како на светло на крајот од тунелот.

Овој тим покажа сериозен карактер, но и издржливост. Демонстрираме дека нашите планови функционираат. Среќата се бара, а ние го направивме токму тоа. Тие се бранеа цел натпревар додека ние бевме во негатива. Имавме и сериозно трпение откако топката не влегуваше во нивната мрежа. Создадовме доволно шанси, но не реализиравме. Денеска нешто стана јасно за соблекувалната на тимот. Во играта се појави играч, кој кратко време беше на теренот, но го промени духот на тимот. Толку се бореше да го носи тимот на Јунајтед. Скот Мектоминај е Манчестер Јунајтед“, коментира Тен Хаг, цитиран од агенцијата Ројтерс.

 

ПретходноВМФЛ: Пелистер против Скопје, Беса го дочекува Вардар (Н), Тетекс пред лесни три со Караорман
СледноПрва лига жени: Баскет Кам ја почнува одбраната на тронот!