Денеска на распоред е дерби мечот меѓу Арсенал и Манчестер Сити во рамките на Премиер-лигата. Пред овој натпревар во центарот на вниманието се најде фудбалерот кој токму од редовите на „граѓаните“ се пресели во Лондон.
Станува збор за Зинченко, човекот кој од самиот почеток на војната во Украина беше еден од најголемите „Инстаграм војници“ и тоа беше еден вид на негов начин на борење за својата земја.
Тој повторно го привлече вниманието, одлучи јавно да даде поддршка на Израел.
„Стојам зад Израел“, беше поракта на левиот бек од Украина.
Токму таа реченица дигна голема поддршка кај фановите на Арсенал, дел од нив испратиле лоши пораки до него, тврдат медиумите во Англија.
По еден ваков расплет на настаните, тој го тргнал сторито, но истовремено својот профил на Инстаграм го затворил.
Причината за револтот на фановите е неговото мешање во политиката која секогаш треба да се држи надвор од спортот.
Zinchenko has deleted his Instagram story and gone private 💀 pic.twitter.com/CaT8c5ZSjd
— Janty (@CFC_Janty) October 7, 2023