ЦСКА Москва славеше победа со 80-76 на гостувањето кај Зенит во дербито на колото во ВТБ лигата. Македонскиот тренер Емил Рајковиќ ја предводеше ЦСКА од клупата и по првото полувреме имаше убава предност од 43-34, а во второто попуштија меѓутоа беа доволно добри да го сочуваат водството и да ја забележат третата победа во шампионатот.
ЦСКА има „три од три“ затоа што претходно славеше над Енисеј и МБА Москва.