Арсенал во 87. минута ја урна машинеријата на Гвардиола

149

Арсенал во дерби мечот од 8.коло на Премиер лигата го совлада Манчестер Сити со 1:0. Домашниот тим заслужено стигна до триумф иако во поголем дел од мечот ниту едните, ниту другите не блескаа. „Топчиите“ за нијанса беа подобри и на крајот ги освоија трите бода.
Матео Ковачиќ беше на работ на црвен картон, а судијата Мајкл Оливер му прости со што го навлече гневот на играчите и навивачите на Арсенал. На одмор се отиде без голови, а во вториот дел Арсенал беше нешто подобар па во финишот Габриел Мартинели шутираше од далечина, топката го погоди Аке и го измами голманот Едерсон.
Арсенал се изедначи бодовно со градскиот ривал Тотенхем на првото место (со по 20 бодови), а Сити е трет со 18.

ПретходноАтлетико победи со гол од пенал, Ојарзабал лут на судиите: Зарем се свири ова?
СледноКожув на „колена“ пред Еуро Никел