Нашиот репрезентативен напаѓач Милан Ристовски на најдобар начин го најави доаѓањето на новиот собир на нашата репрезентација пред октомврискиот квалификациски прозорец за ЕП 2024. Денеска во меч од 10. коло на словачкиот шампионат, нашиот репрезентативец погоди за победа на Спартак Трнава на гостувањето кај Бањска Бистрица (1:2).
Ристовски го постигна вториот гол за Спартак Трнава на овој меч, а за него тоа беше прв сезонски гол во словачкиот шампионат и најава дека полека се враќа во голгетерска форма. За Спартак ова беше петта сезонска победа со која дојде до петтата позиција на табелата.