Рекордерот Гираси: Неверојатно достигнување, но сакам да се подобрам и да дадам уште повеќе

211

Напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, стана првиот играч во Бундес лигата кој постигнал 13 гола во првите седум натпревари од сезоната, откако постигна хет-трик во победата на тимот од 3-1 над вчера против Фолзбург. Репрезентативецот на Гвинеја, кој потпиша за „Швабите“ откако одработи позајмица како играч на Рен, е во одлична форма, а синоќешниот меч само го потврди тоа. 

„13 гола во седум натпревари се секако неверојатни, но сакам да се подобрам. Тешко е да се биде 100 % секогаш поради тренинзите, мечевите, напорот, но се чувствувам добро“, изјави Гираси кој синоќа ги псотигна головите во радиус од 15 минути. 

Претходниот рекорд беше 11 гола во првите седум натпревари во Бундес лигата, при што Гираси го подобри учинокот на легендите Герд Милер или Роберт Левандовски. Штутгарт последен пат беше шампион во 2007 година, оттогаш имаше две испаѓања, но и двата пати веднаш се враќаше во елитата. Сега тимот сонува барем за Европа по силниот старт со шест победи од седум натпревари. 

“Среќен сум што сум тука и благодарен сум на тимот бидејќи ми е задоволство да се игра пред овие неверојатни навивачи. Тоа е голем град. Мораме да останеме скромни како што сме и да работиме напорно. Второто полувреме беше неверојатно. Се надевам дека ќе продолжиме да“, додаде напаѓачот. 

Гираси беше поврзуван со заминување во текот на летото поради интересот од неколку клубови од англискиот премиерлигаш и се очекува уште поголема фама околу него во јануарскиот преоден рок. Неговиот договор вклучува откупна клаузула од 20 милиони евра во 2024 година, а Гираси за весникот „Билд“ минатата недела изјави дека „иако е тешко во фудбалот да се ветува нешто, но мојата цел во моментов е да ја завршам сезоната со Штутгарт.“ Имаме добар тим. добар тренер и неверојатни навивачи. И се чувствувам многу удобно во Штутгарт. Затоа решив да останам“, додаде тој.

ПретходноАлегри: Мора да работиме на многу елементи
СледноСупер гест на Партизан: Макаби може да игра во Белград!