Интересен меч се одигра во Рим каде што домашниот Лацио се соочи со Аталанта во 8.коло на Серија А. Римскиот тим водеше со 2:0, гостите изедначија, па домашните во финишот ја обезбедија победата.
По 11 минути Лацио имаше 2:0, со автогол на Де Кетеларе и деби голот на Кастељанос. Во 33 минута намали Едерсон, а во 63 минута изедначи Колашинац.
Во 83 минута Матијас Весино ја обезбеди победата на Лацио, трета сезонава. Аталанта го впиша третиот пораз.
Фросиноне славеше над Верона со 2:1, а Монца со 3:0 ја победи Салернитана. На овој меч стрелаше Самуел Вињато кој со 19 години 226 денови е најмладиот стрелец на Монца во Серија А.
Од 18 часот играат Каљари – Рома, а од 20:45 ќе се сретнат Наполи и Фиорентина.
⚽️ 🇮🇹 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Lazio 3-2 Atalanta | Matias Vecinopic.twitter.com/p53ffr3YXI
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 8, 2023