Попладнево се одиграа три меча во рамките на 8.коло во Премиерлигата. Брајтон и Ливерпул одиграа интересен меч, кој на крајот заврши со поделба на пленот со резултат 2:2.
Мохамед Салах беше стрелец на двата гокла за “редси“, гостите имаа водство 1:2 по првиот дел,инаку Брајтон со голот на Адингра поведе со 1:0 во 20.минута, за да во 78.минута Данк ги поостави конечните 2:2.
Што ли испушти Њукасл? Имено “страчките“ до 89.минута имаа водство од 1:2 на гости кај Вест Хем, но тогаш Кудус со гол успеа да му донесе бод на својот тим за конечни 2:2. Претходно за домашните стрелаше Соучек за 1:0, за да потоа Њукасл поведе со 1:2 со головите Исак. Значипо истото сценарио како и на мечот Брајтон – Ливерпул.
На третиот меч Вулверхемптон и Астон Вила одиграа 1:1.