Условот за евентуален кам-бек на Меси во Барселона е исполнет

457

Барселона се уште не се откажува од идејата својот најдобар играч во историјата повторно да го види во дресот во кој се прослави. Клубот ја разгледува можноста да го доведе на позајмица Лионел Меси до лето во зимскиот преоден рок. До вчера имаше само една пречка за тоа, пишува каталонски спорт, но таа повеќе не постои.

Интер Мајами не се пласира во плеј-офот, запиша нов пораз во МЛС, овој пат од Синсинати (1-0.).

Сепак, можно е Меси наскоро да заигра на својот стар стадион, барем во дресот на својот американски клуб. Хорхе Мас, косопственик на Интер заедно со Дејвид Бекам, неодамна зборуваше за потенцијална пријателска средба со Барселона.

“Заминувањето на Меси од Барселона не помина како што сакаше. Тој не можеше да се збогува со клубот кој го пречека како момче и мислам дека околностите не беа онакви какви што сакаше. Му ветив дека ќе направам се за да му дадам можност да се збогува во годините што доаѓаат од неговите тамошни фанови“, изјави Мас.

ПретходноСтоле и Рајо во судиското продолжение испуштија победа на „Санчез Писхуан“
СледноРеакцијата на Тен Хег по вториот гол доволно говори за атмосферата во Јунајтед (ВИДЕО)