Вејн Руни го напушти Ди Си Јунајтед откако не успеа да се пласира во плеј-офот на МЛС лигата, па тој се враќа во Англија. Најверојатно нов клуб на Руни ќе биде Бирмингем, членот на Чемпионшип дивизијата.
По 11 кола Бирмингем е на шестото место на табелата, па реши да го отпушти тренерот Џон Еустejк. Англичанецот помина 15 месеци во Бирмингем без забележителни резултати. Со неговиот отказ се отвора вратата за Вејн Руни.
„Би-би-си“ пренесува дека Бирмиген го сака Руни за прв тренер, а за негови помошници Ирецот Џон О’Ши и екс-англискиот репрезентативец Ешли Кол.