Канатларовски ги собра надежите, Калкан под знак прашалник

459

Освен Берат Калкан кој е повреден и неговата ситуација ќе се дознае во текот на дешениот ден, сите останати млади репрезенаттивци точно во 12 00 напладне се јавија на прозивката кај селекторот Драган Канатларовски.

Тој денеска го започна собирот по повод следниот квалификациски дуел против Молдавија на гостински терен кој нашиот национален тим го игра на 17 октомври во Кишињев.

Играчот на Касимпаша е единствениот кој засега е неизвесен околу повикот, затоа што се жали на повреда. Дополнителните снимки од истата ќе бидат готови во текот на денешниот ден, па до вечер ќе се знае дали токму Калкан ќе се стави на располагање или пак Канатларовски ќе повика нов фудбалер.

 

ПретходноСтрумица поразена од Дубочица во првиот контролен меч пред ЛШ
СледноЧаневски и Арсениевска се евакуираа од Израел