Максимов: Оваа репрезентација на Македонија може до висок пласман на овие квалификации

147

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на 17 октомври ќе игра квалификациски меч со Молдавија во 3.квалификациско коло за пласман на ЕП.

Еден од клучните играчи на оваа генерација на Македонија и член на Шкендија, Методи Максимов.

Нѐ очекува еден исклучително тежок натпревар на гости против незгодната репрезентација на Молдавија. Имаме доволно време да се подготвиме за овој меч и добро да ја анализираме играта на противникот. Молдавија ќе игра на домашен терен и сигурно ќе биде многу мотивирана да се покаже во што подобро светло пред своите навивачи, но ние имаме свои математики и цели и сигурно дека ќе се стремиме да одиграме најдобро што можеме и да обезбедиме позитивен резултат.

Одигравме два одлични натпревари против Шведска и Холандија, во кои забележавме една победа и еден пораз. Навистина жалиме за мечот против Холандија, дуел во кој имаме многу можности за гол неискористени. Ќе ги искористиме тренинзите да работиме напорно, се со цел да ја подобриме реализацијата на следните натрпевари.

Владее одлична атмосфера и позитивна енергија во репрезентацијата. Сплотени сме и поседуваме голем квалитет. Тоа го покажавме и на претходните натпревари и се надевам дека ќе продолжиме да играме на високо ниво и на следните мечеви.

Одличниот колектив е најголемата одлика на овој тим. Оваа репрезентација на Македонија може да се натпреварува и бори за висок пласман на овие квалификации“, изјави Максимов.

 

 

ПретходноФудбалерките до 17 години загубија од Косово во битката за првото место во групата
СледноБрестовац со две победи дебитираше како селектор на ОАЕ