ТФТ тргна со пораз во АБА 2-лига, откако беше совладан од Златибор со убедливи 74-93. Македонскиот претставник чекорот го загуби на стартот на мечот поточно во првата четвртина која противникот ја доби со 22-33.
Во следните два периоди, избраниците на Боро Смилковски беа рамноправен противник (18-18 и 21-21), но тоа не беше доволно за пресврт. Во последните десет минути, Златибор доминираше брзо дојде до убедлива позитива која беше доволна за мирен финиш.
Николов запиша 17 поени, додека Луис имаше 11 поени.
Следната шанса за поправен тимот од Тафталиџе ќе ја има во среда кога ќе се сретне со Широки Бријег.