Фудбалскиот клуб Вардар предмалку излезе со соопштение по повод вчерашниот дуел со ФК Шкендија и според нив, судиската неправда која што му е нанесена на клубот од страна на главниот судија Стојанче Стојанов и неговите помошници.
Во соопштението се наведува дека никој не смее да си игра со ФК Вардар, и дека никој не бара ниту клубот да се фаворизира, ниту пак да му се суди тенденциозно, туку напротив, да се има в предвид големината на ФК Вардар па сходно на тоа да се третира клубот и како што доликува. На крајот нормално, како и секогаш од ФК Вардар се заблагодарија на публиката и прекрасната атмосфера на вчерашниот меч.