Брегалница има одличен напаѓачки тандем од Јамајка, Роналдо Вебстер и Колин Андерсон. И двајцата беа стрелци против Работнички за победа од 2:1. И двајцата се миленици на штипската фудбалска јавност, посебно на младите фанови кои се фалат дека во тимот, во нападот, ги имаат еден Роналдо и еден Осимен,како што го нарекуваат во последно време Колин Андерсон кој неверојатно потсетува на мега – ѕвездата на Наполи.
На овој штипскиот Осимен му недостига само маска.