Јасно е дека во фудбалот се е можно, па и на полувреме да водиш со 3:0 а на крај да загубиш со 3:4, но сепак проблематично е како ќе загубиш, на кој начин.
Па така и најновиот скандал во фудбалот, овојпат во втората лига во Летонија. И тоа меѓу екипите на Динамо Рига и Тукумс.Тимот на Динамо на полувремето водел со 3:0, упатил дури 10 шута кон противничкиот гол, а во второто полувреме едноставно застанал. Ниту еднаш играчите на овиј тим не шутнале кон противничкиот гол.Гостите постигнале четири гола и успеале да победат со 3:4, а тие во оваа фаза од мечот упатиле дури 15 шутеви.
Скандалозно е како се однесувале домашниот голман и играчите во одбраната.
Од страна на Фудбалскиот сојуз на Летонија покрената е истрага,навистина ова делува смешно.
Ако ова не е наместена тогаш во фудбалот навистина не се мести.
1. puslaiks: rezultāts 3:0, sitieni 10(5)-5(4)
2. puslaiks: rezultāts 0:4, sitieni 0-15(9)#pargodīguspēli pic.twitter.com/RaBonJqF2f
— Bałtycki futbol latviski (@BFlatviski) October 7, 2023