Алкалоид дојде до шестата победа оваа сезона. За вицепрвакот ова беше уште еден убедлив триумф, овој пат против Куманово на гости (21-43) во првиот меч од шестото коло во Супер-лигата.
Избраниците на Кирил Лазаров на дело ја оправдаа фаворитската улога. Отворија со 1-8, а потоа лесно дојдоа до двоцифрена предност од 7-17 и 8-19. На одморот резултатот беше 9-19.
Во второто полувреме не се промени ништо на теренот, Алкалоид доминираше, водеше и со 17-31. На крајот беше подобар со 21-34.
Младеновиќ со девет гола беше прв стрелец, зад него беше Серафимов со шест, по три имаа Џонов, Митев и Петковски. На другата страна Гамзардија запиша девет погодоци.
Со победата број шест во низа, Алкалоид остана на врвот во групата А, додека пак Куманово го запиша петтиот пораз оваа сезона.