Дејвид Бекам, некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед би можел повторно да се врати на “Олд Трафорд“, но во една поинаква улога. Тој во дресот на „црвените ѓаволи“ имаше одлични сезони се до 2003 година кога после инцидентот со Алекс Фергусон беше продаден на Реал Мадрид.
Бекам би можел да се врати во Јунајтед како амбасадор, но за да се случи ова семејството Глејзер треба клубот да го продаде на Шеикот Јасим од Катар, кој веќе има испратено понуда до клубот уште во мај оваа година, но се уште нема добиено одговор.
Поранешниот капитен на англиската репрезентација беше во Катар за трката во Формула 1, па одговараше на прашања поврзани со Јунајтед.
Потенцира дека клубот е еден од најголемите и треба да се врати на врвот, да добие стабилност.
Дали навистина ќе се случи Бекам да го видиме на „Олд Трафорд“ останува да видиме.