Брестовац со две победи дебитираше како селектор на ОАЕ

118

Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац ја почна својата кариера како селектор на Обединетите Арапски Емирати. ОАЕ под водство на македонскиот тренер славеше две победи на двата контролни натпревари со селекцијата на Оман. Првиот минимален со 24-23, а вториот со повисок резултат 28-24.

Прв официјален меч на Брестовац како селектор на ОАЕ ќе биде на квалификацискиот турнир за Олимписките игри кои почнуваат на 18 октомври во Доха, Катар додека ОАЕ е во група А со Катар, С.Арабија, Ј.Кореја, Индија и Кина. Двете најдобри од секоја група ќе играат во полуфинале.

ПретходноМаксимов: Оваа репрезентација на Македонија може до висок пласман на овие квалификации
СледноАлександар Трајковски: Дуелот со Украина е многу важен за нас, одиме по трите бода во Прага!