Возачите на Вилијамс претрпеа топлотен удар за време на Катарското ГП

242

Возачите на Вилијамс изминатиов викенд имаа сериозни здравствени проблеми за време на трките од ГП на Катар во Формула 1. Сарџент се повлече од настап на ГН на Катар поради симптоми на топлотен удар, а близу до откажување беше и Алекс Албон.

Според информациите, возачот на Вилијамс, Сарџент беше еден од многуте кои добија сериозни проблеми за време на трката поради тешка дехидрација. Сарџент се обиде да ја продолжи трката, но по разговорот со тимот, беше одлучено да го прекине своето учество на трката во 42. круг.

Партнерот на Сарџент, Алекс Албон, како поискусен возач, успеа да стигне до целта. Сепак, и тој беше блиску до топлотен удар. Двајцата пилоти на Вилијамс беа прегледани во медицинскиот центар на патеката.

„Логан имаше тешка дехидрација, која донесе општа слабост во телото поради симптоми слични на грип кои беа забележани на почетокот на неделата. Алекс по трката беше пренесен во медицински центар поради симптоми на тежок топлотен удар. Тој е прегледан и пуштен од болница“, се вели во соопштението на Вилијамс

ПретходноУниверзитет во Тетово заврши последен на Балканскиот куп, Ѓорѓиев загуби во финалето
СледноИвановски и Ѓорческа без промени на новите АТП и ВТА листи