По долго време и тоа поради болест, од денеска со своите репрезентативни колеги повторно е Дарко Чурлинов, напаѓачот на Барнли.
Се разбира дека Чурлинов него криеше своето задоволство од фактот дека повторно е дел од репрезентацијата и повторно може да игра фудбал:
“Минав низ тежок период. Секако дека е одлично е чувството што повторно сум на терен. Среќен сум што повторно играм фудбал, а пресреќен сум што повторно сум дел од македонската репрезентација. Овде сме сите еден за друг.Знаеме со каков квалитет располага оваа селекција и без разлика на противникот тоа треба да го покажеме на терен“.
Тој не крие дека може да одигра натпревар, дека добро се чувствува:
“Спремен сум за да играм натпревар,моето кондициско ниво е спремно за да одиграм еден меч. Играв два меча за вториот тим на Барнли, се чувствувам одлично. Во следниот период би требало да играм и за првиот тим“ заврши нашиот напаѓач во пресрет на саботниот меч со Украина.