Вардар ја запиша својата втора победа во дебитанската сезона во Првата лига, го совлада Феникс со 71-80.
“Црвено-црните“ предводени од Хусеин Бајрам и неговите 28 поени, како и Блажо Митков, кој запиша 19 поени, сосема заслужено се радуваа на победата. Во редовите на Феникс, кој поразот го препишува на настапот во квалификациите за ФИБА Еврокупот, Рис и Трајковски беа најефикасни со 27 односно 22 поени.
Феникс беше подобар во првата четвртина (18-12), по овој дел сите останати три четвртина ги добија Вардарци. На одморот беше 32-32. Во последната четвртина, по 63-61, Вардар одговори со серија од 5-0, а во решавачките моменти токму најефикасните обезбедија предност за својот тим која за Феникс беше недостижна.