Ивановски избори пласман во главната фаза на турнирот во Братислава

102

Македонскиот тенсиер Калин Ивановски ги помина квалификациите и се пласира во главниот ждреп на турнирот Пежо Словачка Опен во Братислава. Вчера Калин го совлада домашниот тенисер Петер Над со 2-1 во сетови, а денеска беше подобар од Мате Валкуш од Унгарија со 2-0 по сетови (6-3 и 7-5).

Се работи за силен турнир на кој учествуваат и тенисери кои настапуваат и на ВТА турнирите како Доминик Тием, Томас Махач, Дамир Џумхур, Доминик Штрикер… Токму Тием е прв носител на турнирот и најголем фаворит за трофејот.

Калин ќе го дознае својот противник по одигрување на сите квалификациски средби.

 

ПретходноЧаневски и Арсениевска се евакуираа од Израел
СледноСевиља го отпушти тренерот кој му донесе трофеј во Лига Европа