И тоа се случи: Жиру е во тимот на колото во Серија А, но како голман! (ФОТО)

468

Прес – службата на Серија А го објави тимот на 8.коло, како што и обично што го прави по секое завршено коло. Ништо необично, но сега и тоа како е интересно ако се знае дека на голманската позиција е Оливие Жиру, напаѓачот на Милан.

Да потсетиме дека во финишот на средбата меѓу Џенова и Милан, токму Жиру застана на голот на тимот од Милано. И само благодарение на одличните одбрани на својот “нов голман“, тимот на Милан успеа да ја сочува предноста од 0:1.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 10.КОЛО: Радески знае како треба
СледноРоналдо објавил кога ќе стави крај на кариерата!