Коментар на 10.коло: За титулата и дефинитивно пак ќе решава “големата тројка“!

770

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 10.коло во ПМФЛ. Супер интересно беше на Маџари, каде Вардар и тоа како ја изнамачи Шкендија, во Штип домашната Брегалница го совлада Работнички, шампионот им се врати на победите, Гостивар ја „реши“ Брера Струмица и тоа на нејзин терен, а Воска славеше против Македонија ЃП, додека во Кавадарци мечот заврши без победник.

Имаше неколку судиски грешки, но за тоа во некоја друга прилика.

По изминатите 10 кола или првата третина од првенството, покажа дека и дефинитивно за титулата пак ќе решава “големата тројка“, и тоа Шкендија, Струга ТЛ и Шкупи. Екипи кои беа шампиони на Македонија во последните три сезони.

Се мислеше дека по оној блескав старт Брера Струмица ќе се вмеша, но како играат момците на Валенти во последните шест кола, освоени само два од можни 18 бода, оваа екипа е голем кандидат за битка за опстанок, ништо повеќе.

Гостивар се дига, но далеку од некои сензации. Работнички иако го има еден од најдобрите тимови во ПМФЛ, барем според имињата, исто е далеку од битка за Европа или титула. Очигледно е дека нешто не “штима“во Градски парк, исто како и во последните 6-7 години.

Силекс се заканува, но….има едно но. Кратовци се некако недоречени. Знаат да блеснат, но знаат и релативно лесно да загубат.

Па така и во оваа сезона Шкендија, Струга ТЛ и Шкупи, по овие 10 кола покажаа зошто се на првите три места. Тетовци имаат 23 бода, Шкупи 19 а Струга ТЛ 18, но и меч помалку, оној со Вардар. Значи шампионот “технички“ има 21 бод или два помалку од Шкендија.

Јасно е дека во фудбалот ништо не е готово додека навистина не е готово, но реалноста е таа. Овие три екипи се најсилни, знаат што сакаат, и затоа една од нив ќе дојде до пехарот во првенството во ПМФЛ, се разбира ако нешто во меѓувреме не се измени нешто драстично.

ПретходноДебитантот Вардар го „тресна“ Феникс
СледноБирмингем го кани Руни за тренер заедно со Џон О’Ши и Ешли Кол