Џерод Боувен потпиша нов договор со екипата на Вест Хем.
26-годишниот играч од средниот ред кој годинава блеска во дресот на „чеканите“ потпиша договор до 2030 година.
Боувен му се приклучи на Вест Хем во 2020 година од Хал за 18 милиони фунти.
Во 167 натпревари за „чеканите“, играчот од средниот ред постигна 45 гола, вклучувајќи го и победничкиот во финалето на Конференциската лига против Фиорентина (2:1).
Во деновите додека траеа преговорите и беше неизвесно дали Боувен ќе потпише нов договор со Вест Хем, беше објавено дека за фудбалерот се заинтересирани Ливерпул и Њукасл.
Night, Hammers ✨ pic.twitter.com/ok1zYgRDLV
— West Ham United (@WestHam) October 8, 2023