Шкендија со победата над Вардар од 2:0 се зацврсти на врвот на табелата во домашното првенство. Задоволството од триумфот во Скопје не го криеше ниту тренерот на тетовскиот тим, Ардијан Нухиу.
“Познато е целото ривалство, без разлика на ситуацијата во противничката екипа. Јас лично мислам дека нашиот тим се бореше исклучително добро и овие три бода беа важни за да имаме напредок и континуитет на позитивни резултати. Оваа победа ја посветуваме на нашите навивачи како и на градот Тетово и мислам дека овие момчиња заслужуваат да бидат следени бидејќи на секој натпревар гинат на теренот. Ова беше напорна недела, бидејќи имавме натпревари на секои три дена, но ќе ја искористиме оваа репрезентативна пауза и ќе анализираме. Секогаш има простор за напредок и ќе се обидеме да го направиме тоа за време на оваа пауза“, вели тренерот на Шкендија.