Пепи Ѓорѓиев успешно опериран, ќе паузира еден месец! (ФОТО)

1036

Напаѓачот на Гостивар денеска во една од скопските приватни болници беше подвргнат на операција на десното колено, станува збор за рскавицата. Според неговите зборови за „СпортСпорт“ операцијата минала успешно а тој добро се чувствува.

Следува пауза од еден месец а потоа одличниот напаѓач пак ќе се врати на тренинзи и се разбира на натпреварите на Гостивар. Тим кој што во последните три меча освои 7 бодови и полека но сигурно покажува дека има намера во оваа сезона да се најде најмалку во средината на табелата.No description available.

Претходно„Кошарка во колички“ испиша историја во Рожаје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноДарко Чурлинов:Пресреќен сум што повторно сум дел од македонската репрезентација!