Попладнево од 16 часот почна и првиот тренинг на нашата најдобра репрезентација во пресрет на дуелот со Украина (14.10) во Прага, во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024.
Сите во нашиот табор знаат што значи овој меч, ова гостување во Прага. Од играчите кои се јавија на собирот и на првиот тренинг тука е и Аријан Адеми, а селекторот Благоја Милевски сеуште е во очекување да пристигнат и Елиф Елмас, Дамјан Шишковски, Валон Етеми, Бојан Димоски.
Наскоро секако дека Милевски ќе може да смета на сите кои ги повика.