Севиља го отпушти тренерот кој му донесе трофеј во Лига Европа

145

Екипата на Севиља минува низ лош период, а лошите резултати донесоа и тренерска смена. Андалузискиот клуб го врачи отказ на Хозе Луис Мендилибар по шест и пол месеци поминати на кормилото.

Мендилибар пристигна да ја спаси сезоната во Ла Лига, а два месеци подоцна ја однесе Севиља до трофејот во Лига Европа преку која избори пласман во Лигата на шампионите. Резултатите оваа сезона се разочарувачки, има само две победи во 11 натпревари во сите конкуренции.

 

ПретходноИвановски избори пласман во главната фаза на турнирот во Братислава
СледноДимитријевиќ во тимот на колото на ВБТ лигата