Струмица поразена од Дубочица во првиот контролен меч пред ЛШ

123

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица го одигра првиот контролен натпревар во пресрет на настапите во квалификациите од ЦЕВ Лигата на шампионите. Струмичани викендов во својата сала ја пречекаа екипата на Дубочица од Лесковац и загубија во квалитетен натпревар со 3:1 во сетови.

Ова беше само прв меч за нашиот првак, кој се уште е во првата фаза од подготовките и допрва почнува да ја крева натпреварувачката форма пред дуелите на квалификацискиот турнир од Лигата на шампионите кој ќе се одржи во Бургас од 27 до 29 овој месец.

Според најавата од струмичкиот состав, екипата во следниот период треба да има уште неколку меѓународни контроли со екипи од Бугарија.

ПретходноУкраина пристигна во Прага и го одржа првиот тренинг
СледноКанатларовски ги собра надежите, Калкан под знак прашалник