ТИМ И ИГРАЧ НА 10.КОЛО: Радески знае како треба

285

 

Марјан Радески знае како треба. Им “стегна“ два гола на забревтаните кратовци и со 2:0 му донесе триумф на својот тим Струга ТЛ. Победа која и тоа како значи за шампионот по двата порази од Шкупи и Шкендија. Радески покажа уште еднаш дека е еден од клучните играчи на тимот на стратегот Шпетим Дуро. Блескаше вчера, затоа и е играч на колото. Од Струга ТЛ тука е и секогаш одличниот Буњамин Шабани.

Од Шкендија тука се голманот Давор Талески, стрелецот на првиот гол Методи Максимов и Клисман Цаке. Од Брегалница во тимот на 10.коло се Роналдо Вебстер и Лука Робакдзе, од Гостивар Ангелче Тимовски и Ланре Кехинде. Искусниот Даниел Мојсов од Тиквеш одигра одлично со Шкупи како и срелецот на двата гола за Воска, Алекса Марушиќ.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРЈАН РАДЕСКИ

Тим: Струга Трим Лум

Роден: 10.02.1995 во Прилеп

Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, Брера Струмица, Шкупи, Пјуник (ЕРМ), Струга ТЛ

ПретходноРепрезентативците на тренинг: Фокусот е кон Украина, тука е и Адеми, во очекување на Елмас, Шишковски, Етеми, Димоски..! (ФОТО)
СледноИ тоа се случи: Жиру е во тимот на колото во Серија А, но како голман! (ФОТО)