Фудбалската репрезентација на Украина од синоќа веќе е во Прага каде што в сабота, на 14 октомври го игра квалификацискиот меч од тековната кампања токму против репрезентацијата на Македонија.
Украинците секако, поради добро познатата ситуација во нивната земја ги играат мечевите на неутрален терен, а овојпат беше одбрана Прага. Од нивна страна синоќа веќе беше одржан и првиот тренинг, а на него присутни, Георги Бушчан, Анатолиј Трубин, Виталиј Бујалскиј, Олександр Караваев, Владислав Ванат, Микола Матвиенко, Георги Судаков, Јехор Назарина, Јухим Коноплија, Тарас Степанендр, О. Сидорчук.
Веќе денеска украинските медиуми пренесуваат дека денеска на тренинг ќе се приклучат и Роман Јаремчук, Руслан Малиновски, Виталиј Миколенко и Назари Русин. Веќе по вечерата, на локацијата на сино-жолтиот тим пристигнаа Артем Довбик, Михаило Мудрик и Илја Забарни.