Универзитет во Тетово заврши последен на Балканскиот куп, Ѓорѓиев загуби во финалето

105

Одбојкарите на Универзитет во Тетово завршија на 6. место на годинешното издание на Балканскиот клупски куп кој се одржа во Бурса. Во мечот од разигрувањето за петтата позиција на табелата, нашиот преставник претрпе и трет максимален пораз, овој пат од екипата на Босна од Сараево со 3:0 (25:18, 25:18, 25:20).

Претходно, тетовци со максимални 3:0 ги загубија и двете пресметки во групата со екипите на турска Бурса ББ и Пеќ од Косово.

Во финалето на Балканскиот куп за 2023 година, кој е во организација на Балканската одбојкарска асоцијација, новиот тим на нашиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев, Бурса ББ, изненадувачки беше поразена од српскиот преставник Спартак со 3:2 во возбудливо и неизвесно финале.

ПретходноЧави негодува за поништениот гол на Феликс: Кому му пречеше Феран?
СледноВозачите на Вилијамс претрпеа топлотен удар за време на Катарското ГП