Фудбалерките до 17 години загубија од Косово во битката за првото место во групата

160

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години загуби со минимални 2:1 од домаќинот, Косово во битката за првото место на квалификацискиот турнир од Б лигата. Koсово е прв со 7 бода, а Македонија остана втора со 6.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска иако имаа предност од 1:0, на крајот во еден возбудлив и интересен меч до самиот крај загубија со 2:1.

Нашите фудбалерки последните 20 минути од средбата ги одиграа со играч помалку. Исклучена беше Комненова која во периодот од 66 до 69 минута заработи два жолти картони.

Стрелец на голот за водство на Македонија го постигна Попески во 11. минута. Косово го израмни резултатот во 27. минута преку Фека.

Голот за победа на Косово го постигна Хокха во 84. минута од мечот.

Македонија:  Комненова, Коловска, Додевска, Крстева, Василева, Величковска, Трендова, Боризоска, Галабовска, Попески, Грозданова;

Селектор: Катерина Милеска;

ПретходноВо продажба пуштени билетите за мечот Алкалоид – Војводина!
СледноМаксимов: Оваа репрезентација на Македонија може до висок пласман на овие квалификации