Предводникот на Барселона, Чави, по мечот со Гранада кој заврши нерешено 2:2 изјави дека третиот гол за Барселона требаше да биде признат, а тимот требаше да се врати со победа.
„Мислам дека доминиравме речиси во текот на целиот натпревар. Имавме моменти, заслуживме повеќе, но поради нашите грешки примивме два гола. Разговаравме колку е опасен противникот. Моравме да возвратиме. Тимот почна да игра мирно, доминираше и на крајот ја заслужи победата. Сепак, заминуваме со еден бод, а тоа не е доволно. За поништениот гол на Феликс резервниот судија ми кажа дека Феран ја допрел топката, но беше очигледно дека тоа не е така. Мислам дека овој гол требаше да биде признат. Кому му пречи Феран? Топката прелета, а Торес не се мешаше во акцијата“, изјави Чави.
⚽️🇪🇸 GOAL | Barcelona 3-2 Granada | Joao Felix
JOAO FELIX SCORES IN THE DYING MOMENTS!!!pic.twitter.com/rENkYdqvVp
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) October 8, 2023