Се чини дека е готово. Наполи игра катастрофално под водство на Руди Гарсија,тренер кој успеа да го уништи се она што Лучиано Спалети го градеше. Последните информации од Неапол велат дека Елиф Елмас ќе добие нов тренер,што секако дека е супер вест за Дијамантот, поточно дека Руди Гарсија веќе е бивши.
Како кандидати за негови наследници се споменуваат Игор Тудор и Греам Потер.
Останува да се види сега за што ќе се одлучи Аурелио Де Лаурентис, кој се чини дека ја увиде грешката со назначувањето на Гарсија.