Нашиот капитен, Енис Барди, авторитативно и како што доликува се појави меѓу првите на прозивката на селекторот Благоја Милевски денеска, која што е организирана секако по повод претстојните дуели против Украина во Прага, и Ерменија во Струмица. Првиот е во рамките од квалификациите кои се во тек и го играме на 14 октомври на неутрален терен , додека пак вториот е од пријателски карактер и го играме три дена подоцна.
Капитенот Барди смета дека ова е најважниот меч кој што ќе го играме во преостанатиот дел од квалифиакциите, од едноставна причина што истиот треба да е продолжение на добрата серија против Италија односно Малта.
„Да, одиме во Прага за да и покажеме на Украина дека оние лоши половина час во Скопје, не се показател, напротив, туку ние ќе покажеме дека тие први еден час од тој меч е вистинското лице на Македонија. Одиме да ја пренесеме атмосферата од мечевите против Италија односно Малта, и да покажеме дека овие квалификации не само што не се завршени за нас, напротив, имаме уште многу што да кажеме“ – изјави Енис Барди.