„Кошарка во колички“ испиша нова историска страница. Храбрите момци предводени од Саша Димитријевиќ се вратија од меѓународниот турнир во Рожаје, прв за нив од своето основање.
Тимот на „Кошарка во колички“ имаше шанса да размени искуство со тимови од Србија и Црна Гора. Првиот турнир го освои НАИС од Ниш, второто на домаќинот Рожаје и третото место го освои токму македонскиот тим.
Идејата е овој турнир да стане тадиционален и да отвори нови прозорци кон светот на сите учесници, кои со својата желба, силна решителност и посветеност покажаа на дело дека со тимска игра не постојат пречки кон патот на успехот.